Дома Фудбал Англија Невил: Со вакви дефанзивци Јунајтед нема шанси за титулата

Невил: Со вакви дефанзивци Јунајтед нема шанси за титулата

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната во Премиер лигата и вчера доживеа шокантен пораз од Кристал Палас на домашен терен.

Фановите се разочарани и бараат нови засилувања, особено Џејдон Санчо, за кого подолго време се шпекулира во медиумите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, Гери Невил смета дека на Јунајтед очајно му е потребен врвен дефанзивец за да ја засили одбраната.

 Може да зборуваме за Санчо колку сакаме, но се додека не се купи централен бек кој е брз и кој може да игра еден на еден, Јунајтед никогаш нема да ја освои лигата, особено не со ваков двоец“, истакна Невил алудирајќи на Линделоф и Мегваер.

„Мислам дека Заха ги доби сите дуели со стоперите денеска. Линделоф едноставно не е доволно силен, што убаво се виде при вториот гол на гостите“, додаде Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…