Дома Фудбал Англија Невил: Нека му се даде титулата на Ливерпул, но со фуснота

Невил: Нека му се даде титулата на Ливерпул, но со фуснота

Поранешниот одбранбен играч на Манчестер Јунајтед и сега аналитичар на „Скај Спорт“ Гери Невил смета дека титулата во Премиер лигата треба да му се даде на Ливерпул, но со фуснота.

Ливерпул е убедливо прв на табелата во Премиер лигата и треба да се случи некое чудо за да не ја освои титулата, но пандемијата со коронавирусот го стопираше првенството во ситуација кога на „црвените“ им недостигаат само уште две победи за и математички да бидат шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се шпекулираше дека може дури и да се поништи првенството што би било неправедно кон тимот кој на оваа титула чека 30 години. Гери Невил иако е легенда на Јунајтед смета дека титулата треба да му се додели на Ливерпул.

„Нека му се даде титулата на Ливерпул, но со фуснота. Фуснотата би објаснила дека Ливерпул е шампион, но дека првенството не се завршило поради коронавирусот. Но, тоа е сценарио кое не го сака фудбалскиот свет“, порача Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…