Поранешните фудбалери, а денес стручни коментатори на „Скај Спорт“ Гери Невил и Џејми Карагер имаа жестоки критики по вчерашниот катастрофален настап на Давид Луиз против Манчестер Сити (повеќе за неговиот настап тука).
Бразилецот го одигра еден од најлошите натпревари во кариерата и беше виновник за два од трите гола кои ги постигна Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луиз во игра влезе во 24. минута на местото на Пабло Мари кој се повреди. Прво погреши кога не успеа да реагира и да ја расчисти топката која стигна до Стерлинг, а потоа на стартот од второто полувреме направи пенал над Ријад Марез.
„Не знам што да кажам за него, веќе имам кажано се. Тој никогаш не учи на грешките. Сити почна да игра кога тој влезе на теренот“, изјави Невил.
„Нема никакви изговори за неговиот ваков настап, затоа што не му е првпат. Не верувам дека за него има иднина во Арсенал следната сезона. Не знам како Артета после еден ваков настап ќе може да го врати во првиот тим“, се надоврза Карагер.
Проблем за Артета ќе биде ако повредата на Пабло Мари е сериозна.