Дома Фудбал Англија Невидени сцени! – Навивач влезе, им одржа „ЛЕКЦИИ“ на фудбалерите и си излезе

Невидени сцени! – Навивач влезе, им одржа „ЛЕКЦИИ“ на фудбалерите и си излезе

Натпреварот помеѓу Ковентри и Форест Грин беше обележан од еден незадоволен фан на домашниот тим.

Додека сите очи вчера беа вперени кон натпреварите од Лигата на шампионите за тоа време на теренот во Ковентри се случи до сега невидена сцена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачот на домашниот тим незадоволен од залагањето на фудбалерите одлучи малку да зборува со нив и тоа на теренот, за време на натпреварот.

Она што веднаш „паѓа во очи“ е што за тоа време никој од редарите и обезбедувањето не реагираше, па навивачот како што влезе, така и го напушти теренот.

Ова е навистина несекојдневна сцена ако се има предвид колку Англичаните се остри по таквите испади, после кои следат парични казни или забрана за влегување на стадионите.

Иначе, натпреварот помеѓу Ковентри и Форест Грин заврши со минимална победа на гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…