Вчера во сенка на големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона се одигра и возбудливиот натпревар помеѓу Ковентри и Манчестер Сити во рамките од полуфиналето во ФА Купот.
Манчестер Јунајтед имаше водство од 0:3, но потоа прими три гола во завршницата и Ковентри дојде до продолженија. Избраниците на Тен Хаг сепак преку пеналите успеаа да се пласираат во финалето каде што ги чека Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ковентри во 120. минута по четврти пат ја погоди мрежата на Јунајтед, меѓутоа тој гол ВАР го поништи поради офсајд. Во моментите кога второлигашот ја погоди мрежата голем број навивачи тргнаа да го напуштаат стадионот, но кога слушнаа дека е поништен побрзаа да се вратат на трибините.
United fans running back to the ground after VAR offside decision 😭pic.twitter.com/nO8ULnwUGA
— 𝐄𝐑 (@ErlingRoIe) April 22, 2024