Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатно: Фудбалерите на Марсеј не знаеле дека со реми одат во Лига Европа!

Неверојатно: Фудбалерите на Марсеј не знаеле дека со реми одат во Лига Европа!

Вчерашната разврска во групата Д во Лигата на шампионите беше и тоа како драматична, Тотенхем со гол во 95. минута го победи Марсеј и го освои првото место. За Марсеј пак тој гол значеше дека остануваат и без Лигата на Европа.

Реми фудбалерите на Марсеј ќе ги одведеше во Лигата на Европа како третопласирани, но со поразот останаа последни. Интересно е што фудбалерите на францускиот тим не знаеле дека нерешениот резултат им е доволен да одат во Лигата на Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не знаевме ништо на теренот“, призна Шансе Мбемба кој го постигна голот со кој Марсеј поведе на 1:0.

„Луѓето од клупата знаеле, но немаше добра комуникација. Сакавме да притискаме до самиот крај, не знаевме бидејќи не можевме да слушнеме ништо што ни зборуваа“, додаде Мбемба.

Игор Тудор во последните моменти бараше од играчите да се вратат и да не пристискаа.

„Не слушаа што им кажував, премногу бучно беше на стадионот. Им веле да не тргнуваат сите напред, но ете не ме слушнааа. Настана конфузија во тие последни моменти“, изјави Тудор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Херојот на Манчестер јунајтед: Долго чекавме на ваков ден!

Хари Мегваер одушеви на Eнфилд и донесе победа за Манчестер Јунајтед против Ливерпул, засл…