Со двата постигнати погодоци против Пари Сен Жермен Кристиано Роналдо дојде до бројката од 101 гол во дресот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека вкупно има 116.
Роналдо очекувано е најефикасен поединец во ова натпреварување, но интересен е фактот што Португалецот постигна повеќе погодоци и од голем број екипи кои се натпреваруваат во најсилното европско натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да бидеме прецизивни. Во Лигата на шамионите настапиле 137 клубови, а само 19 од нив постигнале повеќе голови од Роналдо! Да, добро прочитавте, Кристиано постигнал повеќе голови од 117 клубови кои играле во ова европско натпреварување.
Зад Португалецот се клубови како, Монако (114), Атлетико Мадрид (107), Манчестер Сити (99)… Пред Португалецот се наоѓа Ајакс кој е на 19 место со 129 погодоци во 102 натпревари. Оваа сезона местото на Ајакс не е загрозено, но веќе наредната Португалецот би можел да го загрози и холандскиот гигант.