Дома Фудбал Италија Неверојатно промашување: Не игра и ја празни касата!

Неверојатно промашување: Не игра и ја празни касата!

Габигол веројатно e едно од најголемите промашувања на „нероаѕурите“ во последната деценија.

Тој беше играч од кој многу се очекуваше оваа сезона, Интер за него плати 30 милиони евра, но овој млад фудбалер не покажа апсолутни ништо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, освен тоа што не игра, Бразилецот и ја празни каста на италијанците. Имено, италијански новинар објави дека „Дојен Спорт“ заработил 20% од тој трансфер, а дополнителни четири милиони евра биле доделени на извесен Џулијано Печек Бертолучи.

Се е докажано со документи кои се објавени на италијанскиот сајт калчомеркато.

Бертолучи работи со Ким Јорбаџи, човекот кој до некаде е одговорен за останатите трансфери на Интре, пред се се мисли на трансферот на Жоао Марио. Вкупно Интер поради него потроши 70 милиони евра на Габигол и Марио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…