Дома Фудбал Италија Неверојатно: Миланското дерби може да се одигра откако ќе заврши сезоната!?

Неверојатно: Миланското дерби може да се одигра откако ќе заврши сезоната!?

Поради трагичната смрт на Давиде Астори вчера Италијанската федерација ги одложи сите натпревари до 27-то коло од Серија А кои требаше да се играат вчера.

Сега би можело да се создадат големи проблеми за одигруваето на истите, бидејќи распорeдот е веќе згуснат. Одложени беа седум натпревари кои најверојатно ќе бидат одиграни на 9-ти и 14-ти март, меѓутоа проблен е миланското дерби меѓу Милан и Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој натпревар не може да се одигра на 14-ти март бидејќи на 15-ти Милан игра натпревар со Арсенал во Лига Европа, а потоа од 18-ти март почнува репрезентативната пауза.

Тоа значи дека „Дела Мадонина“ би можела да се одигра во април, но доколку Милан продолжи со настапите во Лига Европа, ќе нема слободен термин ни во месец април.

Единствен слободен теремин е на 9-ти мај, но за тогаш е закажано финалето во италијанскиот Куп помеѓу Милан и Јувентус.

Проблем е што според законот на ФИФА оваа сезона сите првенства мора да бидат завршени до 20-ти мај поради Светското првенство.

Медиумите тврдат дека Федерацијата ќе побара од ФИФА да им допушти да се одигра еден меч на 23 или 24 мај, откако ќе биде завршена сезоната, а тој најверојатно ќе биде миланското дерби.

Постои можност дербито да се одигра на 9-ти мај, а на 24 мај да се игра финалето на Купот, но само под услов Милан и Јувентус да не стигнат до финале во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…