Дома Фудбал Англија Неверојатно: Како се објаснува ваква радост за постигнат погодок? (Видео)

Неверојатно: Како се објаснува ваква радост за постигнат погодок? (Видео)

Изминатиот викенд беше одиграно деветтото коло од англиската Лига 2, а освен мноштвото ефикасни и интересни средби, беше забележано и нешто сосем бизарно, а тоа беше прославата на голот на фудбалерот Нотс Каунти.

Екипата на свој терен го дочека тимот на Линколн Сити и оствари убедлива победа со резултат 4:0. Вистина, во тоа помогна и фудбалерот на гостите Били Нот, кој во 28. минута заработи црвен картон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се играше 55. минута, на семафорот стоеше 1:1, а потоа следеше „шоуто“ на Мат Тутл, фудбалерот на Нотс Каунти.

Прво одлично прецизираше за својот тим и го совлада противничкиот голман, а потоа следеше необјаснива прослава.

Тој падна на колена, па се сруши на тревникот, и навистина со бизарни потези славеше. Неговата прослава стана хит на интернет страниците во Англија, а никому не му е јасно што претставуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крајот на 2025 година носи лоши вести за Барселона!

Во последните месеци многу се зборуваше за плановите на Барселона за ново засилување во на…