Дома Фудбал Останато Неверојатно: Еве кој го спречи трансферот на Мбапе во ПСЖ

Неверојатно: Еве кој го спречи трансферот на Мбапе во ПСЖ

Младиот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе константно ова лето се поврзуваше со заминување од клубот.

Во самиот финиш на преодниот рок стана речиси сигурно дека 18-годишниот фудбалер во уште еден неверојатен трансфер ќе го засили ПСЖ, но за сега од неговото заминување на „Паркот на принцовите“ нема ништо.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Се чини дека Мбапе уште некое време ќе го носи дресот на Монако и дека ова лето трансфер нема да има. За тоа заслужен е францускиот селектор, Дидиер Дешамп кој со повикот во репрезентацијата на Мбапе го спречи неговиот пат до Париз.

Дешамп најави дека ниеден играч кој ќе се појави на собирот на репрезентација за претстојните квалификациски дуели, нема да може да го напушти кампот за евентуално да го заврши својот трансфер.

Со оглед на тоа дека Мбапе е помеѓу повиканите играчи, тој нема да може да го реализира трансферот, исклучиво само ако вечерва не потпише договор откако Монако ќе го одигра својот дуел против Марсеј.

Така што, виновникот односно селекторот на францускиот состав спречи уште еден спектакуларен трансфер. Сепак, ПСЖ со пари купува се, па не би било чудно доколку сепак до крајот на преодниот рок младиот Мбапе заврши во редовите на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим веќе размислува на преодниот рок, има две желби кои вредат 100 милиони евра!

Во Манчестер јунајтед постојано имаат идеи и амбиции, но изминативе десетина години не усп…