Фудбалерите на Манчестер Сити ја забележаа 20-та последователна победа откако попладнево го совладаа Вест Хем со 2:1.
„Граѓаните“ се во серија од 27 натпревари без пораз во сите натпреварувања, и само еден меч ги дели од рекордот на клубот што го постигнаа од април до декември 2017 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Воедно Гвардиола денес ја запиша 200-та победа на клупата на тимот од „Етихад“ и тоа од 273 натпревари.
Никогаш порано менаџер кој водел клубови во англиската Премиер лига не достигнал толку многу победи пред него. До денес, тој рекорд го држеше Жозе Мурињо, кој стигна до 200-та победа во 309 дуели кормилото на Челзи.
Патем, тоа беше и вкупно 500 победа на Гвардиола на клупите на клубовите од најсилните лиги. Пред да дојде во Сити, тој запиша 179 победи со Барселона и 121 победа со Баерн Минхен.