Дома Фудбал Германија Неверојатно: Алаба бара од Баерн 125 милиони за 5 години

Неверојатно: Алаба бара од Баерн 125 милиони за 5 години

Давид Алаба не може да се договори со Баерн Минхен околу продолжување на соработката.

Имено, преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот траат веќе неколку недели, но решение не е на повидок.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Агентот на Алаба, Пини Захави, бара од Баерн петгодишен договор според кој неговиот клиент би заработувал 25 милиони евра годишно.

На Баерн ќе биде многу тешко да се согласи на овие барања, а она што го нуди е осум милиони помалку од она што го сака Захави, односно 17 милиони евра годишно.

Алаба влезе во последната година од договорот и на лето може да си замине без обештетување, па поради тоа на Баерн му се брза да ја реши неговата иднина.

Сепак, барањата на Австриецот се неприфатливи и голема е веројатноста двете страни да не постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…