Дома Фудбал Останато Неверојатна разврска во случајот Балотели: Кој ли крај сега ќе го фати?!

Неверојатна разврска во случајот Балотели: Кој ли крај сега ќе го фати?!

Жан Пјер Ривиер, претседателот на Ница, истакна дека неговиот тим нема да успее да го задржи Марио Балотели, италијанскиот напаѓач кој и оваа сезона остана во Франција.

Балотели потпиша едногодишен договор со Ница во текот на летото кој истекува во јуни.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Тој е одличен на теренот, се подобрува од ден во ден. Од резултатот зависи дали ќе биде со нас и следната сезона“, истакна претседателот на клубот.

Ривиер напомена дека Балотели бара повисоки примања и дека клубот не е во можност тоа да му го исплати доколку нема резултати оваа сезона.

Би рекле дека резултатот подразбра и пласман во Лигата на шампионите, до кој Ница веројатно тешко ќе стигне оваа сезона, имајќи ја предвид големата конкуренција.

Ница моментално се наоѓа на одмата позиција во Лига 1 со 12 бода помалку од Лион, Марсеј и Монако кои ја делат втората позиција зад убедливиот првопласиран ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…