Дома Фудбал Италија Неверојатна приказна: Пред пет години беше ѕидар, сега е ѕвезда на Јувентус

Неверојатна приказна: Пред пет години беше ѕидар, сега е ѕвезда на Јувентус

Приказната на дефанзивецот на Јувентус, Федрико Гати е навистина импресивна и мотивирачка.

Гати во 2022 година за 5 милиони евра пристигна во Јувентус од Фросиноне, а оваа сезона се наметна како столб на одбраната на „старата дама“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


25-годишниот стопер во изминатите два меча донесе победи за Јувентус со своите голови против Монца и Јувентус, а интересно е дека пред 5 години беше ѕидар и аматерски играше фудбал.

Гати се занимавал и со производство на стакло, поправал покриви и поминувал десет часа дневно на пазар. 

Аматерски почнал да игра фудбал во Павароло, а потоа добива шанса во екипата на Вербаниа во Серија Д. Само за една година се сели во клуб од Серија Ц, а потоа потпишува за Фросиноне во СеријаБ, каде со своите добри игри го привлекува вниманието на Јувентус.

Тој во интервју за „Тутоспорт“ открива дека негова инспирација во животот и кариерата е тенисерот Новак Ѓоковиќ.

„Исклучително му се восхитувам на Ѓоковиќ и неговата глад за победи. Никогаш со ништо не се задоволуваше, секогаш се бореше сам со себе, знаеше дека мора да го промоени својот живот и успеа во тоа“, изјави Гати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…