Дома Фудбал Англија Неверојатна понуда од Јунајтед за Санчо, но играчот има еден услов

Неверојатна понуда од Јунајтед за Санчо, но играчот има еден услов

Манчестер Јунајтед е главниот фаворит за потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Германскиот великан е спремен да го продаде 20-годишниот фудбалер за 120 милиони фунти, а за сега тимот од Олд Трафорд е најсериозен кандидат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Санчо доби неверојатна понуда од Црвените ѓаволи. Јунајтед му нуди неверојатни 400.000 фунти неделно, но за неговата конечна одлука ќе мора да почекаат.

Талетираниот фудбалер сака да игра во ЛШ и спремен е да ги одбие сите понуди од тимови кои не играат во најелитното европско натпреварување, а за сега Јунајтед го нема таму.

Со прекинот на првенството Црвените ѓаволи останаа на петата позиција на табелата во ПЛ со три бода помалку од Челси и во случај на продолжување на сезоната не очекува интересна битка за пласман во ЛШ.

Санчо оваа сезона е феноменален. Одигра вкупно 35 натпревари за Борусија, постигна 17 погодоци и запиша 19 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мајката на Рабио избувна: Раководството на Марсеј е некомпетентно и намерно сака да се ослободи од Адриен

Мајката и агент на Адриен Рабио – Вероник, упати жестока тирада кон Марсеј по одлука…