Дома Фудбал Неверојатна понуда: Бејл станува најплатен играч во Премиер лигата!?

Неверојатна понуда: Бејл станува најплатен играч во Премиер лигата!?

Герет Бејл најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а медумите тврдат дека веќе на маса има неверојатно богата понуда.

Манчестер Јунајтед веќе подолго време е заинтересиран за Велшанецот, па смета дека сега е вистински момент да го донесе на „Олд Трафорд“ и за тоа е спремен да плати 100 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Притоа, „црвените ѓаволи“ се спремни на Бејл да му понудат неделна плата од неверојатни 570.000 евра, со што би бил убедливо најплатениот фудбалер во Премиер лигата.

Бејл не добиваше голема минутажа кај Зинедин Зидин и тоа беше главната причина поради која што сака да замине, но сега се ќе зависи од новиот тренер.

Реал Мадрид е спремен да ја одбие секоја понуда за Велшанецот доколку новиот тренер сака да го задржи во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …