Дома Фудбал Англија Неверојатен рекорд на Мурињо против Арсенал

Неверојатен рекорд на Мурињо против Арсенал

Жозе Мурињо секогаш има посебен мотив кога игра против Арсенал, а тоа не се промени ниту денес кога е тренер на Тотенхем.

Специјалниот во минатото често имаше вербални па дури и физички дуели со поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Низ целиот тој период, колку тоа навивачите на Арсенал да не го посакуваат, нивниот тим немаше голем успех играјќи против екипа која ја предводи Специјалниот.

Неверојатен е податокот дека Мурињо во целата кариера никогаш не доживеал пораз од Арсенал на домашен терен. Од 10 натпревари запиша шест победи и четири нерешени натпревари.

Вкупно гледано, Специјалниот против Топџиите во кариерата одиграл 20 натпревари. Запиша 10 победи, осум нерешени и само два порази.

Да потсетиме, Португалецот и вчера со Тотенхем славеше победа против Арсенал од 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси се вклучува во битката за Семењо

Челси остварил контакт со Борнемут за Антоан Семењо. Лондонскиот клуб ги прашал при кои ус…