Дома Топ вести НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ: Реал го блокира трансферот на Бејл во Кина!

НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ: Реал го блокира трансферот на Бејл во Кина!

Герет Бејл денес слета во Кина и се беше спремно да потпише 3-годишен договор со Џиангсу Сунинг, тежок 22 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, се случи неверојатејн пресврт и последните информации говорат дека Реал Мадрид во последен момент го блокирал трансферот на Герет Бејл.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вест најпрво ја пренесе „Би-Би-Си“, а потоа ја потврдија сите релевантни медиуми ширум Европа.

Наводно, Реал Мадрид не можел во ниту еден случај да го прифати скромното обештетување кое го понудиле Кинезите за трансферот, иако играчот претходно си договори за годишна заработка од 22 милиони евра.

Бејл и понатаму останува играч на Реал Мадрид, се додека на „Сантиаго Бернабеу“ не пристигне понуда која ќе ги задоволи нивните финансиски апетити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…