Дома Останати Кошарка НБА НБА ќе добие нов шампион: Лејкерси елиминирани! 🎥

НБА ќе добие нов шампион: Лејкерси елиминирани! 🎥

Кошаракрите на Феникс со победа во „Стејплс Центарот“ со 113:100 стигнаа до 4:2 во серијата и ги елиминираа актуелните НБА шампионите, екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Уште во првата четвртина Санси направија добра предност и со одлична игра во одбраната ги запреа Лејкерси на само 14 постигнати поени. Ентони Дејвис тогаш мораше да го напушти паркетот и до крајот не се врати во игра. За работата да биде полоша за домаќините се повреди и Алекс Крусо.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гостите во продолжение од натпреварот ги држеа конците во свите раце и на актуелните шампиони не им дозволуваа да се доближат, на крајот заслужено славеа.

Лејкерси немаа одговор за Девин Букер кој постигна неверојатни 47 поени и додаде уште 11 сока, додека Шродер додаде 20. Во редовите на Лејкерси Леброн беше подобар од останатите со 29 поени.

Во наредната серија Санси ќе играат против Денвер кој беше подобар од Портланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…