Дома Останати Кошарка НБА НБА плеј-оф: Дончиќ ги уништи Клиперси, Лејкерси изедначија против Феникс 🎥

НБА плеј-оф: Дончиќ ги уништи Клиперси, Лејкерси изедначија против Феникс 🎥

Лос Анџелес Клиперс изгубија во вториот натпревар од плеј-офот против Далас.

Тимот од Тексас во „Стејплс Центарот“ предводен од феноменалниот Лука Дончиќ победи со 127:21 и дојде до 2:0 во серијата. Лука повторно беше незапирливи за Клиперси, погодуваше скоро се и на крајот мечот го заврши со 39 поени, седум скокови и седум асистенции.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Добра поддршка Дончиќ имаше и од останатите соиграчи. Тим Хардвеј Јуниор уфрли 28, а Порзингис 20 поени.

Кај Клиперси Каваи Ленард стигна до 41 поен, Пол Џорџ имаше 28 и 12 скокови, но тоа беше доволно против располжените играчи на Мавс.

Актуелните шампиони ЛА Лејкерси славеа како гости против Феникс со 109:102 и изедначија на 1:1 во серијата. Ентони Дејвид ги предводеше Лејкерси со 34 поени и 10 скокови, Денис Шродер додаде 23, а Леброн 23 поени. Кај Санси Девин Букер постигна 31 поен, Деандре Ајтон 22.

Бруклин лесно втор пат славеа против Бостон. Овој пат беше 130:108 и Нетси дојдоа до предност од 2:0 во серијата. Кевин Дурант ги предводеше со 26 поени, а Џо Харис додаде 25, Џејмс Харден 20. Во тимот на Селтикс Маркус Смарт беше најефикасен со 19 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…