Изминатата вечер во НБА лигата беа одигра 12 средби, Србинот Никола Јокиќ повторно тема на денот, Орландо продолжува да „гази“, Харден херој на Рокетси, Кливленд повторно разочара…
Денвер славеше над Торонто во овој натпревар повторно одличен беше Никола Јокиќ кој иако не му одеше шутот, овој пат оствари учинок од осум поени, 16 скокови, 10 асистенци и 2 блокдади. Кога се поените во прашање за нив се погрижија Мудијај и Милисап, а Торонто не можеше ништо со лошиот настап на Дерозан и Лоури, на гостите не им помогна ниту враќањето на Валанчиунас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение погледнете ја одличната акција на Денвер која ја започна и ја заврши Јокиќ.
Орландо продолжува со стартот од соништата, нова победа за веќе скор од 6:2, овој пат тие беа подобри од Мемфис. Она што е интересно е дека Орландо слави во Мемфис за прв пат по пауза од 10 години.
Џејмс Харден со 32 поени го предводеше Хјустон до победа, Њујорк брзо се предаде, на полувремето можеше да се почуствува победа на гостинот, а веќе после третата четвртина се беше решено. Рокетси шутираа во свој стил, погодија 19 тројки, но не со импресивен процент.
Не помагаат ниту состанците Кливленд е во проблем. На теренот немаше апсолутно никаков напредок. Леброн и компанија овој пат беа поразени во Охајо од Пејсерс, Дарен Колинсон уфрли 25 поени и имаше осум асистенции, Бојан Богдановиќ постигна 17, на другата страна Леброн се истакна со 33 поени и 11 асистенции, остатокот од тимот беше лош, со исклучок на Роуз. Ова е четврти пораз во низа за Кливленд, а сега го изгубија и повредениот Тристан Томпсон.
НБА резултати
Лос Анџелес Клиперси – Далас 119:98
Јута – Портланд 112:103 (после продолженија)
Денвер – Торонто (129:111)
Мемфис – Орландо (99:101)
Њујорк – Хјустон (97:119)
Њу Орлеанс – Чикаго (97:91)
Бостон – Сакраменто (113:86)
Шарлот – Милвоки (126:121)
Вашингтон – Феникс (116:122)
Филаделфија – Атланта (119:109)
Кливленд – Индијана (107:124)