Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни неколку натпревари во кои беа видени неколку големи изненадувања.
Во Северна Карлона во главна улога беше тандемот Вокер-Хауард „Супермен“, пронајде средина по негова мерка. Кемба уфрли 34 поени и запиша 10 асистенции против Орландо, додека Хауард против својот поранешен ноќ броеше до 22 поени и 10 скокови. Со ова беше завршена серијата на Орландо од три победи, додека Хорнетси сега на 50% успешност, иако ја започнаа сезоната без Батум, Французинот најдобро платениот кошаркар во овој тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изненадувањето на вечерта сигурно е поразот на Голдеј Стјет на нивниот „Оракл центар“ кој повеќе не е неосвоива тврдина. Пистонси кои имаа скор од 5-2 на почетокот го нокаутираа шампионот.
Одбраната на Вориорси беше очајна примија 66 поени во вториот дел, кога гостите го свртија резултатот. Ејвор Бредли беше тајното оружје на Вен Ганди, уфрли 23 поени, а Тобијас Харис со тројка во самиот финишот стави точка натпреварот. Вориорсите на свој терен изгубија два пати за две години, но сега се надвор од форма.
Ништо подобар не беше ниту нивниот најголем ривал за прстенот, Кливленд, тие загубија четири од пет натпревари имаат негативен скор од 3-4 во досегашниот дел од сезоната, а Кливленд против Њу Јорк изгледаше како разбиена војска.
Веќе после само првата четвртина бркаа двоцифрен минус, во второто полувреме уфрлија 42 поени. Имаа 38% успешност на шутот, Тим Хардвеј Жуниор ги уншти со 34 поени, Порзингси додаде 32.
Дерик Роуз се врати без ефект, 15 поени, Леброн уфрли 16 поени, запиша 10 скокови и имаше 7 асистенции, после натпреварот изјави дека неговиот тим едноставно е ужасен во овој момент и дека ривалите постигнуваат поени како и кога ќе посакаат.
Голден Стејт – Деторит 107:115
Кливленд – Њу Јорк 95-114
Шарлот – Орландо 120-113
Бруклин – Денвер 111-124
Индијана – Сан Антонио 97:94
Атланта – Миловики 106:117