Дома Останати На 28 октомври Џошуа ќе ги вкрсти ракавиците со Такам

На 28 октомври Џошуа ќе ги вкрсти ракавиците со Такам

Откако бугарскиот боксер Кубрат Пулев се повлече поради скинат мускул, Ентони Џошуа ќе ги брани ИБФ и ВБА-титулите во тешка категорија против Французинот Карлос Такам.

Мечот ќе се одржи на 28 октомври на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, а веќе се продадоа повеќе од 70.000 билети. Ова ќе биде прв тест на Џошуа откако го нокаутира Владимир Кличко во Лондон во април.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


36-годишниот Такам е роден во Камерун и во кариерата има 35 победи, 3 порази и едно реми во 39 професионални меча.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, потврди дека Британецот нема да се предаде од своите појаси и дека ќе боксува со противници што ќе бидат предложени од федерациите. Целта беше по Пулев, да се боксува со Кубанецот Луис Ортиз, првиот предизвикувач за ВБА-титулата. Џошуа планира меч за обединување на титулите со ВБЦ-шампионот, Американецот Дионтеј Вајлдер, в година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…