Дома Фудбал На Јовиќ и Азар Реал потроши 160 милиони евра, а што доби за возврат?

На Јовиќ и Азар Реал потроши 160 милиони евра, а што доби за возврат?

Реал Мадрид пред почетокот на сезоната се засили со шест нови фудбалери за кои плати повеќе од 330 милиони евра, а само на Еден Азар и Лука Јовиќ „кралевите“ потрошија 160 милиони евра, односно 100 милиони евра за Белгиецот и уште 60 за Србинот.

Седум месеци подоцна статистиката која ја имаат двајцата фудбалери е навистина катастрофална затоа што тие не се прилагодија најдобро во шпанскиот гигант.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Азар на подготовките на „кралевите“ се појави во очајно издание, по што го очекуваа повреди и досега одигра 13 меча, а притоа постигна еден гол и четири асистенции.

Од Јовиќ многу се очекуваше сезонава во Реал Мадрид, но тој е само „сенка“ на Карим Бензема, па настапи на 19 меча и постигна само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот голман од Премиерлигата се бори со две сериозни болести! Неговата ќерка ја сподели потресната вест

Поранешниот голман на Премиерлигата, Расел Хоулт (52), се соочува со две тешки дијагнози и…