Тензијата помеѓу навивачите на Рома после тешкиот пораз од Фиорентина со 7:1 не се смирува.
Ултрасите на Рома целиот свој гнев го насочија кон играчите. После натпреварот со Фиорентина беше нападнат и автобусот со кој се возеа фудбалерите на „волчицата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На удар се наоѓа комплетниот тим, но и поединци помеѓу кои е српскиот фудбалер Александар Коларов.
Италијанските медиуми денес пренесуваат дека непознати сторители за кои се претпоставува дека се навивачи на Рома на ѕидот околу куќата на фудбалерот направиле графити со кои му испратиле навреди на национална основа.
Еден за медиумите е посебно интересен.
„Коларов е нечист Хрват“, стоело на ѕидот со црн спреј и сигурно дека не се работи за грешка. Тие се добро упатени за односот помеѓу Србите и Хрватите, па затоа и на тој начин одлучиле да го провоцираат фудбалерот.
Покрај таквата порака стоела и порака: „Коларов спушти се на земја“.