Дома Фудбал Англија На што се надева Алексис Санчез?

На што се надева Алексис Санчез?

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез веројатно ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок.

Иако во јануари оваа година стигна од Арсенал како големо засилување, Алексис не игра според очекувањата, и наводно веќе бара да замине.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, платата од пола милион фунти неделно која ја има на Олд Трафорд претставува проблем. Не постијат клубови кои сакаат толку да го платат, но Чилеанецот се надева дека може да ја добие истата плата во еден тим.

Алексис со задоволство би заминал во редовите на ПСЖ. Заинтересиран е за трансфер, но според тврдењето на Дејли Мејл ниту Парижаните не се спремни да му понудат толку пари.

Па така, Санчез веројатно нема лесно да ја исполни желбата за заминување. Едноставно, ако сака да замине, мора да прифати помала плата, а тоа во неговиот случај е тешко да се очекува.

Пред Јунајтед, Алексис три ипол години го носеше дресот на Арсенал, а играше уште за Барселона, Удинесе, Ривер Плата, Коло Коло и Кобрело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…