Eкипата на Хајдук во хрватското првенство одново ги разочара навивачите и во Пула одигра само 1:1 против Истра.
Тренерот Џенаро Гатузо очекувано добива критики по слабиот почеток на сезоната во која Хајдук влезе со големи ичекувања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот стратег на прес-конференцијата по вчерашниот натпревар дел од вината префрли на фудбалерите.
„Истра е екипа која може да те казни од контри, тоа беше видливо. Имавме доста шанси, ама кога топката не влегува во голот – не може да се победи.
Кога тимот не креира доволно, проблем е што си заминуваш од натпреварот со прашалници. Кога создаваш и промашуваш, исто така не е лестно. Сепак, што може тренерот да направи кога неговите фудбалери промашуваат?“, изјави Гатузо.
По четири кола во хрватското првенство Хајдук има две победи и две нерешени. Меѓутоа освен со резултатите Гатузо имаше проблем и со атмосферата во тимот, а како што е познато го острани Иван Перишиќ од составот.