Дома Останати На УФЦ 250 евентот го видовме нокаутот на годината! (ВИДЕО)

На УФЦ 250 евентот го видовме нокаутот на годината! (ВИДЕО)

Коди Габрант со нокаут во послендата секунда од втората рунда го победи Рафаел Асунсао на УФЦ 250 евентот.

После три порази во низа Гарбандт во импресивно издание стигна до победата над Бразилецот во Лас Вегас.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој 28 годишен Американец во првата рунда му зададе неколку сериозни удари на Асунсао. Во втората рунда двајцата борци влегоа отворено. На една секунда пред крајот откако Бразилецот го натера Гарбандт да оди покрај оградата следуваше контранапад и фатален удар со десна рака.

Асунсао падна на подот и не успеа да се врати во борбата. Судијата прогласи крај на борбата. За Американецот ова беше 12-та победа во кариерата, има уште три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…