Игрите и резултатите на Барселона од почетокот на сезоната не се на задоволително ниво, а еден од оние кои трпат најмногу критики е Луис Суарез.
Уругваецот оваа сезона има постигнато само два гола на пет настапи, а навивачите со свирежи го искажаа своето незадоволство откако беше заменет против Виљареал.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Шпанските медиуми пренесуваат дека Суарез тоа многу го погодило и дека размислува за заминување од Барселона.
Притоа, неговата намера е да се врати во Ливерпул. Јирген Клоп не е против неговото праќање, но не може да му вети место во стартниот тим покрај Мане, Салах и Фирмињо.
Суарез беше на
Енфилд во периодот од 2011 до 2014 година и остави голема трага, па на 110
настапи постигна 69 гола.