Американскиот бизнисмен Тод Боели има нов луд план, а тоа е да потпише договор со Лионел Меси кој на крајот на сезоната заминува од ПСЖ.
Аргентинецот во моментов е во преговори за враќање во Барселона, но каталонскиот гигант има сериозни финансиски проблеми и затоа не може да му понуди висока плата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа сака да го искористи премиерлигашот Челзи, односно газдата Боели кој е подготвен да му ги исполни сите желби на аргентинскиот репрезентативец.
Челзи оваа сезона има ужасни резултати во Премиерлигата и ќе остане без европските натпреварувања за следната сезона.