Дома Фудбал Англија На повидок шокантна размена, Ериксен автоматски ќе биде прогласен за предавник

На повидок шокантна размена, Ериксен автоматски ќе биде прогласен за предавник

Кристијан Ериксен не игра премногу оваа сезона во Интер, но во последно време сепак добива шанси.

Антонио Конте последен сфати дека Ериксен има квалитети, а настапот во Купот против Милан и голот од слободен му овозможија подобар статус на Џузепе Меаца.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но и покрај тоа, Ериксен не е сигурен во Интер, а сега повторно се поврзува со клубовите од Островот. Калчомеркато пишува дека Данецот е желба на Томас Тухел и Сините ќе се обидат да се договорат со Интер.

Не е исклучена можност Челси да го понуди Жоргињо, за кој Конте има добро мислење. Италијанскиот репрезентативец е еден од важните играчи на Тухел во Челси, но се наведува дека Интер ќе доплати 20 милиони евра плус Ериксен.

Секако тоа би била интересна размена на играчи, а Ериксен без дилема ќе стане предавник за сите навивачи на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заработува богатство во Саудиска Арабија, но сака да игра за Англија на СП

Сите беа шокирани кога наместо да игра во Англија, одбра Саудиска Арабија и огромни пари, …