Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака дополнително да го засили својот тим.
„Црвените ѓаволи“ во овој момент се на втората позиција во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите обезбедија пласман во следната фаза како првопласирани во групата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо веќе сега планира засилувања за јануари, а како една од метите го наведе Жоа Марио од Интер, за кого наводно е спремен да го понуди Хуан Мата во замена, пренесува „Кориере Дело Спорт“.
Португалецот сака да го засили средниот ред и е спремен да го жрвтува Шпанецот за да го доведе Жоа Марио.
Меѓутоа Интер не е премногу заинтересиран за Мата и повеќе би сакале да го доведат Микхтаријан кој во овие моменти е во лоши односи со Мурињо.
Она што е позитивно за Јунајтед е што Марио има право за настап во Лигата на шампионите, бидејќи „нероаѕурите“ оваа година не се пласираа во Европа.