Дома Топ вести На повидок „луда“ размена на релација Реал – Барса – Јунајтед

На повидок „луда“ размена на релација Реал – Барса – Јунајтед

Последните денови од преодниот рок се секогаш многу возбудливи, па се чини дека и оваа година не очекува вистинска „лудница“.

Манчестер Јунајтед викендов испрати понуда од 100 милиони евра за ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл. Многумина веруваат дека ова е добра шанса „кралевите“ да го продадат Велшанецот, особено после „експлодирањето“ на Асенсио.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Но, во меѓувреме англиските медиуми пишуваат за друга тема – Барселона е силно заинтересирана за Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Медиумите на Островот тврдат дека Барселона нема да жали пари за 19-годишниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ и е спремна да испрати понуда повисока од 100 милиони евра.

Каталонците имаат желба да формираат напаѓачко трио Дембеле – Меси – Рашфорд, но тоа е можно само доколку Манчестер Јунајтед успее да го реализира трансферот на Герет Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…