Дома Фудбал Англија На Островот се убедени: Ливерпул никогаш не бил поголем фаворит во најголемиот натпревар на Островот!

На Островот се убедени: Ливерпул никогаш не бил поголем фаворит во најголемиот натпревар на Островот!

Утре од 17:00 часот Премиер лигата ни го носи најголемото дерби во Англија кое според медиумите на Островот е поразлично од претходните.

Ливерпул на својот „Енфилд“ во одлично расположение и како лидер во Премиер лигата ќе го пречека лутиот ривал. Во Англија не се сеќаваат кога последен пат Ливерпул бил толку голем фаворит во овој натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На Островот се убедени дека никогаш Ливерпул не бил поголем фаворит против Манчестер Јунајтед и дека коефициентите за победа против ривалот од Манчестер никогаш не биле помали.

Овие два ривали се сретнуваат уште од 1893 година. Системот на обложување сигурно тогаш не бил во ист облик, но навистина е тешко да се сетиме кога на Јунајтед му се давале помали шанси за победа во овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од Наполи договориле играч за врска на Вулверхемптон

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи постигнал договор со агентите на играчот за врска на а…