На Островот по поразот на Манчестер Јунајтед од Тотенхем со 1:6 веќе се шпекулира за можен наследник на Оле Гунар Солскјер.
Според информациите ако Солскјер не ја поправи играта во наредните 2-3 натпревари многу лесно може да биде сменет. Тоа се лоши вести за Норвежанецот затоа што во следните три кола ќе играат против Њукасл на гости и против Челзи и Арсенал дома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се шпекулира дека Јунајтед веќе стапил во контакт со неговите можни наслединици. Тоа се Маурисио Покетино и Масимилијано Алегри. Двајцата се без ангажман, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.