Дома Фудбал Англија На „Олд Трафорд“ ќе се играат натпревари пред 23.500 гледачи?

На „Олд Трафорд“ ќе се играат натпревари пред 23.500 гледачи?

Maнчестер Јунајтед објави денес дека е во состојба да организира натпревар со 23.500 навивачи на својот стадион и притоа да се одржува физичка дистанца за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„На Олд Трафорд можеме да организираме натпревар со 23.500 гледачи и притоа да се одржува физичка дистанца. На тоа работевме два месеци следејќи ги препораките на владата. Некои работи тешко се сфаќаат и предизвикуваат збунетост. Луѓето патуваат со авиони, можат да се собираат во ресторани или да одат во кино да гледаат фудбалски натпревари, а ние имаме се спремно за да организираме натпревар со навивачи на нашиот стадион“, изјави клупската шефица за оперативни работи Коли Ричи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Олд Трафорд“ има капацитет за околу 74.000 гледачи, а последен пат бепе исполнет во март во градското дерби против Манчестер Сити. Поради пандемијата со коронавирусот и во Англија како и во најголем дел од Европа се играат натпревари пред празни трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кои се квалификуваше директно на СП 2026, а кои во бараж? (Фото)

Квалификациите за Светското првенство 2026, чиј домаќини ќе бидат Канада, Мексико и Соедин…