Jувентус и Наполи не го одиграа својот натпревар во Серија А претходниот викенд.
Играчите на Наполи не допатуваа во Торино, а торинскиот тим излезе на терен почитувајќи го протоколот кој го одреди Серија А. Така според правилата Јувентус би требало да го добие натпреварот со службени 3:0, но според информациите кои ги пренесува „Кориере дела Сера“ мечот би требало да биде одигран.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После бројните притисоци наводно ракводството на Серија А попуштило, па одлучило натпреварот да се одигра на нов датум, 13 јануари.
Сепак, Наполи нема да помине без казна. На нив би требало да им биде одземен бод и судејќи според сегашната ситуација тоа ќе биде казната за тимот на Гатузо.
Ваква одлука сигурно нема да му се допадне на Јувентус и се очекува „старата дама“ да поднесе жалба доколку ова биде конечната одлука.