Дома Актуелно На Мундијалот „леташе орли“, па затоа сега во Белград го очекува – пекол!

На Мундијалот „леташе орли“, па затоа сега во Белград го очекува – пекол!

Вчера во Монте Карло беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите во која ќе учествува и поранешниот европски шампион (1991), клубот од соседството Црвена Звезда.

Топчињата сакаа Звезда да добие пеколно тешка група, ПСЖ, Ливерпул и Наполи. Секако, Србите нема да заборават дека во Ливерпул игра човекот кој жестоко ги провоцираше во текот на Мундијалот со „летање орли“ – Џердан Шаќири!

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме, Шаќири голот за Швајцарија во натпреварот против Србија како и Гранит Џака го прослави со албанскиот симбол, а тоа секако ја разгневи јавноста во Србија.

Голем број навивачи на Звезда преку Твитер веќе започнаа да најавуваат што ќе го очекува Шаќири во Белград.

Веројатно не може ниту да замислиме што би се случило доколку Шаќири среде Белград постигне гол и ја повтори контроверзната прослава…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тикет на денот (четврток, 20.11.2025)

Пред нас е уште еден ден со слаба понуда за спортско обложување, но ситуацијата веќе од ут…