Дома Трансфер зона На Милан му треба итно дефанзивец, спреми 25 милиони

На Милан му треба итно дефанзивец, спреми 25 милиони

Милан има големи проблеми со повреди на дефанзивните фудбалери и сака што поскоро да донесе засилување за одбраната.

Откако стана јасно дека Кјаер ќе отсуствува до крајот на сезоната, синоќа се повреди и Томори, кој ќе мора да оди на операција.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека примарна цел на Милан е Глеисон Бремер од Торино. 24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Торино не сака да го продава на средина од сезоната, но Малдини инсистира и веќе спремил понуда.

„Росонерите“ се спремни да понудат 25 милиони евра и во Торино да го испрати Пелегри на позајмица, па сега се чека одговор од „биковите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…