Новиот селектор на репрезентацијата на Шпанија, Фернандо Јеро денеска го одработи првиот тренинг со репрезентацијата.
Добро познато е како Јеро го превзеде националниот тим на ден пред почетокот на првенството, но за тоа нема да зборуваме, туку за детали од првиот тренинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако прилично беше вообичаено, една фотографија е посебно интересна за Твитер корисниците кои од неа направија вистински циркус.
Имено, во еден момент Јеро се обидува нешто да им објасни на играчите, а Пике и Рамос збунето го гледаат, како се уште да не им е јасно како токму тој се најде да биде селектор.
Да потсетиме, Шпанците првиот натпревар го играат во петок против селекцијата на Португалија.