Дома Фудбал Репрезентации Фернандо Јеро беше само привремено решение: Четири кандидати во игра за нов селектор на Шпанија

Фернандо Јеро беше само привремено решение: Четири кандидати во игра за нов селектор на Шпанија

Шпанскиот фудбалски сојуз ја започна потргата по нов селектор..

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фернандо Јеро беше само привремено решение.

Откако Јулиен Лопатеги беше разрешен од должноста пред почетокот на Светското првенство во Русија, како привремено решение беше поставен Фернандо Јеро кој ја предводеше „Црвената Фурија“ на Мундијалот во Русија каде што Шпанците беа елиминирани во осминафиналето од домаќинот.
Како што пишуваат шпанските медиуми во овој момент четворица кандидати би можеле да го наследат Јеро.

Помеѓу кандидатие се: Роберто Мартинез, Кике Санчес Флорес, Луис Енрике и Мичел.

Актуелниот селектор на Белгија е означен во овој момент за главен кандидат, но тој има договор со селекцијата на Белгија на уште две години. Од друга страна останатите тројца стратези во овој момент се без ангажман.

Новиот селектор на Шпанија би требало да биде претставен кон средината на август.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…