Селекцијата на Шпанија заврши како првопласирана во групата Б и во осминафиналето ќе игра против Русија.
Пред осминафиналниот натпревар на „Лужники“ на 1 јули шпанските медиуми пишуваат за неочекуван потег на селекторот Јеро во изборот за почетните 11.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанскиот селектор Фернандо Јеро наводно има намера на клупата за резерви да го остави првиот голман Давид Де Геа.
Не само Јеро, (доколку го остави на клупата) на Де Геа за слабите настапи, посебно против Португалија во првото коло му замерува шпанската јавност.
Доколку Јеро се одлучи навистина да го седне Де Геа на клупата за резерви на негово место на голот би застанал чуварот на мрежата на Атлетик Билбао, Кеп Аризабалага.