Дома Фудбал На Зидан му „гори под нозе“ – Перез веќе најде замена

На Зидан му „гори под нозе“ – Перез веќе најде замена

Бројките се поразителни, а притисокот врз Зинедин Зидан расте се повеќе, па веќе почна да се шпекулира за негов отказ.

Откако се врати на клупата славниот Французин на 14 меча победи само шест пати и по четири пати одигра реми и загуби.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


После лошата претсезона, почетокот ветуваше по победата во Виго, но следуваа реми против Ваљадолид и Виљареал.

„Виновни сме ние, а не тренерот, ние правиме гршеки од мечо во меч“, изјави Каземиро.

Зидан е лут затоа што не беше ангажиран Пол Погба, а за негова голема среќа не победува ниту Барселона, меѓутоа Атлетико Мадрид има четири бода повеќе.

Доколку Зидан не ги поправи резултатите, тогаш замената му е подготвена, а тоа е Жозе Мурињо, кој е слободен и само чека повик од Флорентино Перез.

„Кралевите“ после репрезентативната паузата играат против Леванте и Севиља, натпревари кои Зидан мора да ги добие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Десетката на Јамал руши рекорди: Барселона во 24 часа заработи богатство

Барселона не само што постигнува успехи на спортското поле, туку и поставува комерцијални …