Дома Фудбал Останато На Донарума му се заканува „пекол“ ако Зидан пристигне во ПСЖ

На Донарума му се заканува „пекол“ ако Зидан пристигне во ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино се споменува како главен кандидат за празното тренерско столче во Манчестер Јунајтед.

Самиот Аргентинец сака да се врати во Премиер лигата, а раководството на ПСЖ веќе му најде замена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Зинедин Зидан е главен фаворит за преземање на тимот на ПСЖ, а „Марка“ открива дека ѕвездите на тимот веќе биле информирани дека ќе дојде Французинот.

Доколку Зидан пристигне во ПСЖ некои фудбалери би можеле да преживеат непријатни моменти, а пред се тука се мисли на Џанлуиџи Донарума. Италијанецот во летниот преоден рок пристигна како слободен играч и за местото во тимот се бори со Кејлор Навас.

Познато е дека Зидан е голем симпатизер на Кејлор Навас и добро ги познава неговите квалитети. Медиумите откриваат дека тој сигурно ќе биде прв избор и Донарума многу ретко ќе добива шанса за настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ДАГЛАС КОСТА СЕ ВРАЌА ВО ИТАЛИЈА: Изборот на клуб го шокираше фудбалското општество!

Поранешната ѕвезда на Јувентус и репрезентацијата на Бразил, Даглас Коста, одлучи да се вр…