Дома Фудбал Италија На Дибала му е доста од карантинот: Сакам да одам на тренинг, да ги видам соиграчите, да дадам гол…

На Дибала му е доста од карантинот: Сакам да одам на тренинг, да ги видам соиграчите, да дадам гол…

Паоло Дибала скоро два месеци се наоѓа во изолација откако беше потврдено дека е заразен со коронавирусот.

Во Јувентус од фудбалерите заразени со Ковид-19 беа Дибала, Матуиди и Ругани, а Аргентинецот остана најдолго заразен. Аргентинецот сега се огласи преку социјалните мрежи и очигледно фудбалот многу му недостасува.

„Никогаш не сум помислил дека фудбалот ќе ми недостасува толку многу. Сакам да одам на тренинг, да ги видам соиграчите, да ја допрам топката, не е исто како кога тренираш дома. Сакам да ги облечам копачките да истрчам на теренот и да дадам гол. Многу време се без фудбал. Не знаеме што ќе биде кога ќе се вратиме, но се надевам дека тоа ќе биде наскоро. Дома ја одржувам формата и го искористив времето да најдам друга страст – јога. Тоа многу ми помага“, напиша Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Матераци: Интер пропушти два Скудета; Италија играше против вонземјани во 2006

Марко Матераци смета дека Интер требаше да освои повеќе титули со тимот кој го имаат... …