Баерн Минхен на 12-ти април 2000 година гостуваше кај Фрајбург во рамките од Бундес лигата, а тој ден по лошо го памети Оливр Кан.
Тогаш легендарниот голман на Баерн Минхен беше погоден со голферско топче кое долета од трибините каде што беа сместени навивачите на домашниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кан остана да лежи на тревата, но набрзо се подигна и беше раскрварен. Кога стана го зема топчето и го однесе кај делегатот, додека од тимот на Баерн бараа прекинување на натпреварот.
Оливер Кан е вистинска легенда на Баерн Минхен. Тој кариерата ја започна во Каизерслаутен каде што прво три години бранеше за вториот тим три години, од 1987 до 1990, за потоа да добие место и во првиот тим. Во Каизерслаутен се задржа до 1994 година. Таа година направи трансфер во редовите на гигантот од Минхен каде што го помина остатокот од кариерата.
Кан голот на Баерн го бранеше 12 години, се до 2008 година кога одлучи да замине во фудбалска пензија. За тоа време во Баерн настапи на 429 натпревари. Репрезентативец на Германија беше 11 години, од 1995 до 2006 година.
Ќе потсетиме, токму Кан неодамна се споменуваше како фаворит за наследник на Ули Хенес на претседателската функција во Баерн, Медиумите очекуваат Хенес функцијата да ја напушти во наредните две или најмногу три години.