Дома Луд Спорт На денешен ден: Еден од најголемите бокс мечеви на сите времиња! (видео)

На денешен ден: Еден од најголемите бокс мечеви на сите времиња! (видео)

На денешен ден пред 43 години, поточно 30-ти октомври 1974 година во Киншаса (тогашен Заир) ракавиците ги вкрстија Мухамед Али и Џорџ Фореман во меч познат како „Грмотевица во џунглата).

Фореман тогаш беше светски шампион во тешка категорија, а Али беше предизвикувач. Борбата траеше 8 рунди кога Али го нокаутираше Фореман.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мечот беше познат како едно од најспектакуларните случувања на годината, со оглед на фактот дека тогашниот заирски претседател Сесе Секо овој настан го искористи како добар начин за промовирање на својот режим во светот.

Мечот беше предмет за оскаровскиот документарец „When We Were Kings“ од 1996 година. Исто така беше реконструиран во филмот „Only in America“ од 1998 година, како и во биографскиот филм на Али од 2001 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…