Манчестер Сити е брилијантен оваа сезона во Премиер лигата, а игра одлично и во Лигата на шампионите каде што вчера го запиша првиот пораз, во натпреварот против Шахјтор кој за „граѓаните“ немаше никакво резултатско значење.
Многумина, веројатно и со право го поставуваа прашањето: Дали Манчестер Сити може да биде посилен отколку што е сега? Изгледа дека може, ако се суди барем по имињата кои Пеп Гвардиола има намера да ги доведе во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако поразот од Шахтјор беше прв за Сити оваа сезона во сите натпреварвуања, изгледа дека Гвардиола не е во целост задоволен од играчкиот кадар и има намера дополнително да го засили тимот.
Гвардиола има проблем со изборот на лев бек бидејќи се повреди Бенџамин Менди и тој ќе биде надвор од тимот уште неколку месеци. Освен тоа капитенот на „граѓаните“, Винсент Компани е се почесто повреден отколку што е на теренот.
Токму поради тоа Гвардиола има намера да ја засили последната линија, а неговата листа се Џони Еванс од ВБА, Клемент Леглет од Севиља и Иниго Мартинез од Реал Сосиедад.
Додека за Еванс е познато од претходно, за фудбалерите на Севиља и Реал Сосиедад не беше познато.
За Леглет освен Сити интерес покажа и градскиот ривал Јунајтед. Покрај споменатите тројца Гвардиола се надева дека ќе успее да ја доведе долго посакуваната желба од Арсенал, Алексис Санчез и миленикот од Баерн, Џошуа Кимих.