Дома Фудбал Лига на шампиони На Гвардиола ама ич не му оди на гостувањата во нокаут фазата од Лигата на шампионите

На Гвардиола ама ич не му оди на гостувањата во нокаут фазата од Лигата на шампионите

guardiola

Манчестер Сити вчера во Лондон беше поразен од Тотенхем во англиското дерби од Лигата на шампионите.

Спарсите славеа победа со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Сон Хеунг Мин. Но, „петлите“ се соочија и со проблем им се повреди Хари Кејн. Сити изгуби и сега избраниците на Пеп се поблиску до елиминација отколку до полуфиналето, но тим каков што се „граѓаните“ сигурно дека има капацитет да постигне неколку голови, поради тоа и понатаму се е отворено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оние што го следат Гвардиола подолго време овој пораз од Тотенхем веројатно и не ги зачудува толку многу затоа што Пеп има катастрофална историја на гостувањата во Лигата на шампионите.

Имено, во досегашните 15 гостувања во најелитното европско натпреварување како тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити во нокаут фазата остварил само три победи. Тимовите кои Пеп ги победил на гости во ЛШ се Арсенал, Базел и Шалке.

Ова би можело да биде главна утеха на навивачите на Манчестер Сити и нешто кое ќе им дава повеќе надеж пред реваншот кој го играат на свој терен.

Вечерва во Лигата на шампионите се играат преостанатите два парови во четвртфиналето во кои ќе се сретнат Ајакс – Јувентус и дербито на вечерта Манчестер Јунајтед – Барселона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…